Вкусна есенска штрудла од јаболка со посебен шмек кој го даваат бадемите..

– Брашното го просејуваме и заедно со другите состојки замесуваме тесто кое оставаме да се одмори околу 1 час.
– За филот јаболките ги чистиме, рендаме и кратко ги пропржуваме на путер колку да испари водата. Потоа ги додаваме преостанатите состојки и оставаме да се излади.
– Тестото го делиме на два дела, секој дел го расукуваме и врз него го распределуваме половина од приготвениот фил, ролуваме и добро ги затвараме краевите.
– Печеме 30-35 минути на 170 Ц.

Напомена
Готвењето на јаболките го правам со цел да го избегнам ставањето на презла, на тој начин водата испарува и штрудлата нема да е водена и пократко се пече.