Можеби не ги сакате безбедносните проверки на аеродромите поради долгите редови и метежот, но една нова студија ја откри вистинската причина поради која ќе ја замразите оваа процедура.

Според студија направена на аеродромот во Хелсинки, од сите места на аеродромите најмногу бактерии и вируси се наоѓаат во пластичните кутии кои се користат за оставање на вашите лични работи додека поминувате низ рентгенот.

Во тие кутии има повеќе бактерии отколку во тоалетите.

Студијата, која ја објави магазинот „Биомед централ инфекшнс дезизес“, споредила примероци од различни површини во три различни периоди за време на сезоната на грип 2015-2016 на аеродромот во Хелсинки и откри дека помалку бактерии има во тоалетите отколку во кутиите.

Површините биле тестирани на вирусите А и Б, коронавируси, аденовируси и риновируси кои покажуваат симптоми слични на настинка.

Студијата покажала дека кутиите се најголем извор на зарази затоа што ги допираат сите патници.

Ако сте загрижени со вас секогаш имајте влажни марамчиња или антибактериски гел.

извор: Makfax