Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР).

Информацијата за тековната безбедносна состојба во Република Македонија во врска со бегалската криза и можните закани од тероризам, е единствената точка по која ќе расправаат на денешната седница членовите на Комисијата.