Сите новороденчиња од ноември и во Македонија ќе почнат да се вакцинираат против хепатитис ”Б”. Минатата недела во Собранието на РМ се усвоени измените и доплнувањата на Законот за заразни болести со кои и оваа имунизација е вклу- чена во задолжителните превентивни активности, така што може да се започ не со вакцинацијата која е најдобра заштита од оваа болест. Според др Јованка Костовска, помош ник-раководител на секторот за примарна и превентивна заштита, потребните вакцини се веќе обезбедени со средства од Буџетот. ”Со вакцинацијата мо- жеби ќе стартуваме и порано, евентуално кон крајот на октомври. С&”238; е подготвено, а ни останува да ги одржиме уште планираните семинари за здравствените работници на кои тие подетално ќе бидат запознати со оваа вакцина и нејзината примена”, објаснува д-р Костовска. Македонија е најверојатно единствената држава во Европа во која имунизацијата против хепатитис ”Б” не е воведена како задолж ителна за новороден- чињата. Оваа имунизација според експерите е најдобрата заштита и превенција од заболувањето кое претставува сериозен здравствен проблем. На- шата земја, според инциденцата, е во т.н. медитирански базаен во кој хепатитисот ”Б” е многу почест во споредба со другите региони. Со вакцинацијата, во текот на годината, треба да бидат опфатени околу 25. 000 – 26. 000 новороден- чиња. Имунизацијата се комплетира со една вакцина и две ревакцинации. Првата се дава веднаш по раѓањето, додека другите две ”дози” следуваат на два, односно на шест месеца. Влегувањето на вакцината против хепатитис ”Б” во задолжителни програми за имунизација се најавуваш е уште пред 10 години, но поради различни причини, пред с&”238; од финансиски карактер, со оваа превентивна активност се стартува дури сега.