Бејбиситерките се најдобро платени во Швајцарија, каде нивната заработка изнесува 14,92 евра на час, во просек, се наведува во една студија од страна на француската агенција-Јупиз, специјализирана за оваа област.

На второ место по големина на заработувачка на час во Европа е во Велика Британија со просечна нето плата од 13,5 евра на час.

На третото место се наоѓа Франција каде изнесува 8,65 евра на час. Во Франција има регестрирани 250.000 бејбиситерки, пренесува весникот Фигаро.

Белгија е на четвртото место со заработка од 8,44 евра, додека првата економија во ЕУ, Германија е на петтото место нето плата од 8,26 евра на саат.

На шесто место е Австрија со 8,18 евра на час, потоа следи Италија со 7,92 евра, па Шпанија со 7,66 евра.

На деветто место е Холандија, каде бејбиситерките се платени по 7,44 евра на саат, а на десеттото место е Португалија со 6,68 евра.