Шеснаесет месечно бебе со повреди било донесено на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, но за разлика од претходните случаи, во овој дадилката пријавила дека ги забележала повредите кај детето.

Од СВР Скопје известуваат дека  вчера во 12.50 часот  од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16-месечно женско бебе од Скопје со повреди.

„Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека во понеделникот околу 12.00 часот нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје. Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, посочуваат од СВР Скопје.