На забавата подготвена затоа што бебето наполнило еден месец, еден човек чиј идентитет не е откриен, предложил здравица. Потоа му дал на детето да пивне малку од неговиот пијалак, пишува британскиот весник „Мирор“ повикувајќи се на „Sin Chew Daily“.

Дедото инсистирал дека нема да го испие пијалакот додека неговиот внук не го стори тоа прв.

Пред да биде пренесено во болница, момчето почнало да има тешкотии во дишењето.

„Мирор“ пишува дека мали количини алкохол можат да бидат токсични односно смртоносни за децата.

Нивниот организам не може да апсорбира алкохол.

Алкохолот дејствува врз нервниот систем, предизвикувајќи пад на гликозата во крвта, што пак може да доведе до напад и кома.

Притоа, доаѓа до забрзана работа на срцето и зголемување на крвниот притисок. Тоа може да има фатални последици, пишува „Мирор“.

извор: Makfax