Обдукцијата ќе ја покаже причината за смртта на 27 годишна родилка од Македонска Каменица која во тешка состојба била донесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Според информациите родилката била донесена на Клиниката во тешка здравтсвена состојба, а претходно била однесена во болницата во Кочани, при што од таму поради тешката состојбата во која се наоѓала била итно пренесена на ГАК.

Со брза реакција на лекарите е спасено бебето кое во овој момент се наоѓа на интензивна нега а родилката и покрај напорите починала.

Најверојатно масивна тромб емболија е причината поради што дошло до попуштање на срцето и белите дробови, и довело до смрт кај родилката.

Дваесет и седумгодишаната жена имала потешкоти со одењето, лесно се заморувала, но бидејќи викендот кога беше многу топло била невеста мислела дека од тоа се заморува. 

извор faktor.mk