БДП на Франција скромно забрза во четвртиот лански квартал.

Сепак втората економија во еврозоната не успеа да ја достигне зацртаната цел на владата за цела 2016 година. БДП на Франција во трите последни месеци во 2016 година порасна за 0,4 отсто, благодарение на растечките корпоративни инвестиции и приватната потрошувачка, по растот на БДП од 0,2 отсто од третиот квартал и падот од 0,1 отсто од второто тромесечје, соопшти француското статистичко биро Insee.