x

Бајка со среќен крај: Хрватска преку Данска до историска бронза на ЕП

hrvatska

Женската ракометна репрезентација на Хрватска со историски успех го завршува бајковитото Европско првенство. Овие девојки беа аутсајдер, но тоа не им пречеше, покажаа дека фаворитите не победуваат секогаш, стигнаа до битката за трето место, а таму ја совладаа Данска со 25-19 за прв медал на едно континентално натпреварување. Со бронза и полно срце се враќаат во Хрватска, која пак е на нозе.

„Коцкестите“ го отворија мечот со 3-0, на другата страна данските ракометарки со брзо се вратија во игра, со пет гола во низа поведоа со 4-7. До крајот на првото полувреме видовме голма борба, па на одморот беше 11-11.

Хрватска фати малку подобар ритам од својот противник, одржуваше позитива од еден до два гола, а потоа во последните десет минути со серија од 5-о поведе со 23-18 и стави крај на сите дилеми.

Во финалето на ЕП силите ќе ги одмерат Франција и Норвешка, овој дуел е закажан со почеток во 18 часот.

Посавец и Језиќ со по пет гола беа први стрелци, Дебелиќ имаше четири гола, кај Данска исто толку погодоци имаа Хансен и Дранборг.

ФОТО: Mandatory Credit © Stanko Gruden / kolektiff

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата