x

Бајевиќ промовиран на селекторската клупа на БИХ: Верувам во пласман на ЕП

Душан Бајевиќ и официјално е новото селекторско име на репрезентацијата на БИХ. Искусниот тренер денеска беше промовиран за нов селектор, кој доаѓа на местото на Роберт Просинечки, со кого беше раскинат договорот по завршувањето на квалификациите за ЕП.

Меѓутоа БИХ може да оди на ЕП преку Лигата на Нации.

„Сакам да имаме добра соработка. Ни треба помош и од медиумите во тие два чекори кои ни останаа до ЕП, а јас во тоа верува. Благодарам на сите за довербата. Пресуди мојата голема желба да и помогнам на репрезентацијата. Верувам дека со своето знаење и искуство можам да придонесам за остварување на целите. Сега треба да се мобилизираме, и да работиме на она што може да се поправи. Ќе сметам на сите играчи кои се на располагање“, рече Бајевиќ на промоцијата.

Фото: www.sportsport.ba

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата