x

Бајевиќ најави заминување, БиХ ќе мора да бара нов селектор

bajevic-bih

Селекторот на фудбалската репрезентација на БиХ, Душан Бајевиќ, на прес-конференција најави дека заминува од селекторското место и нема да ја предводи репрезентацијата на БиХ по натпреварите против Холандија и Полска.

Бајевиќ рече дека е горд на играчите кои загубија на пенали на мечот против Северна Ирска, но она што е најважно и што особено го потенцираше на прес-конференцијата пред мечот во Зеница со Холандија е фактот дека сите репрезентативци дадоа се од себе.

Бајевиќ истакна дека нема да го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на БиХ кога станува збор за неговиот ангажман на клупата на „Змејовите“, односно дека репрезентацијата ќе има нов тренер во иднина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата