Идниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден е фотографиран со различни чевли во јавноста.

Фотографиите, кои веќе станаа вирални, се направени во Вилмингтон, додека Бајден одеше на интервју за Си-Ен-Ен.

Џо Бајден носи различни чевли бидејќи пред една недела се здоби со скршеница на десната нога додека си играше со неговото куче. Од здравствени причини идниот американски претседател мораше на повредената нога да носи патика.

Самиот Бајден за Си-ен-ен во четвртокот потврди дека се повредил додека играл со кучето.