Бајадера – најпознатиот чоколаден десерт на “Краш”
Кралицата на десертите бајадерата, оваа година слави престижен јубилеј со кој можат да се пофалат мал број брендови во кондиторската индустрија. Јубилеј, кој на огромно задоволство на потрошувачите, ја означува 50-годишната дружба со најомилениот чоколаден и, пред се, единствен десерт на нашите простори или, како што и самиот слоган вели – “Магијата на врвното уживање”. Изворниот рецепт за овој врвен десерт како ароматична смеса од лешници и бадеми е направен во дваесеттите години од минатиот век, во некогашниот “Унион”, првата фабрика за чоколади во Југоисточна Европа од која подоцна израсна денешниот “Краш”, најголем производител на кондиторски производи во споменатиот регион. Тој десерт првпат се појавува под трговското име “бајдера” во ценовникот на “Краш” пред точно 50 години. Темелена врз основа на традицијата, знаењето и креативноста на Крашовите технолози, во 50-тите години на минатиот век бајадерата ја добива денешната форма и име, а во почетокот на 60-тите почнува да се пакува во бонбониери. Бајадерата се одликува со богат вкус, кој произлегува од основните состојки: лешник, бадем, најквалитетен какао-путер и какао маса. За нејзината изработка се користат само висококвалитетни состојки чие потекло е строго контролирано. Единственоста на нејзината врвна растопливост е резултат на оригиналната, заштитена Крашова технологија по која шеќерот, бадемот и лешникот се обработуваат на посебен начин. Тајната е во процесот на ладење на топлата чоколадна и нугат смеса одвоено на оптимална температура и нивното повторно спојување. Посебниот, богат вкус на новиот десерт го инспирирал Крашовиот креативен тим да му го даде егзотичното име бајадера, кое потекнува од индиската митологија и означува ориентална индиска танчарка во храм. Бајадерата е врвен десерт кој во себе ги соединува средноевропската уметност на производство на фини десерти и ориенталниот раскош на вкусови. Квалитетот на бајадерата е потврден и со бројни признанија. Има освоено повеќе златни медали Монде Селецтион на меѓународниот институт од Брисел, како и награди и признанија на повеќе светски саеми. Како еден од најквалитетните десерти се уште доминира на пазарите на поранешна Југославија, а половина од вкупната произведена количина е наменета за извоз. Како и во изминатите 50 години на своето постоење бајадерата останува поим за проверен квалитет и врвно уживање, за сладокусците низ целиот свет.