Доријан беше ураган од највисока петта категорија додека пустошеше на Бахамите. Вистинската штета предизвикана од невремето ќе се знае во наредните денови, но веќе е јасно дека станува збор за катастрофа.

„Тешко е да се процени штетата што се гледа на фотографиите и снимките направени од воздух. Без разлика дали станува збор за индустриски дел или густо населено подрачје, има толку многу уништување“, опишуваат американските медиуми.

Брендон Клемент, кој со хеликоптер летал над Бахамите, за Си-ен-ен изјави оти од воздух се чини дека на земјата е расфрлана голема количина на шут.

Според првичните проценки, на островите Абако се уништени 60 проценти од домовите.

Досега се официјало потврдени седум жртви од страшното невреме.

извор: Makfax