x

Батлер со порака за Леброн и Дејвис: Ќе ги победиме и на шестиот меч, не можат да ме запрат

butler

Лидерот на Мајами Хит во победата на синоќешниот петти меч со ЛА Лејкерс во НБА финалето Џими Батлер, по мечот изјави дека нема да прославуваат по оваа победа, туку славјето ќе го остават за следниот дуел.

„Ќе победиме и на шестиот натпревар. Ќе сториме што е потребно. Убеден сум дека јас и моите соиграчи ќе излеземе како победници и од следниот меч, а потоа ќе славиме”, изјави Батлер самоуверено пред тв-камерите, за на официјалната прес-конференција по натпреварот да додаде дека одбраната на Лејкерс нема да спречи го да игра агресивно.

„Што и да направат против мене, јас ќе продолжам да играм агресивно. Не знам како ќе пристапат кон одбраната, но ништо нема да им помогне, бидејќи ќе продолжам да шутирам. Ако не успеам да шутирам, ќе ја додадам топката до другите мои соиграчи кои дефинитивно ќе го реализирата шутот. Се зависи од тоа да бидеме заедно на паркетот и да играме кошарка на наш начин. Не е важно како ќе ме задржат”, вели Батлер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата