x

Батигол се враќа во Фиорентина!?

batigol

Омар Габриел Батистута, некогашниот легендарен центарфор на Фиоернтина би можел да се врати во редовите на “виолетовите“ од Фиренца. Имено како што напомена Чезаре Прандели, старо – новиот шеф на струката на Фиорентина, тој го посакува Батистута во својот стручен штаб.

Секако дека тоа ќе наиде на воодушевување на сите фанови на “виолетовите“, но и кај сите искрени фудбалски фанови во Италија и Европа. Батигол е легенда и во Рома и во Интер, да не говориме за тоа што направи за селекцијата на Аргенитна, сите оние силни голови кои ги даде како напаѓач на „гаучосите“.

Го сакам тука со мене и сметам дека играчите би биле пресреќни кога една таква фудбалска величина би ги тренирала. Секако дека ќе разговарам со Батистута, иако сметам дека нема да биде лесно да го наговорам“ посочи Прандели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата