x

Басино победи во велеслаломот во Куршевел, а Влхова постави рекорд (видео)

basino

Италијанката Марта Басино не и дозволи на Петра Влхова да ја впиша четвртата победа по ред сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. Басино триумфираше во првата од двете велеслаломски трки во францускиот Куршевел, а ова е нејзина втора победа сезонава по оној триумф во велеслалом во австрискиот Золден на првата трка сезонава.

Денеска бранителката на титулата Влхова беше најбрза по првото возење, но Басино беше најдобра во второто возење и со тоа стигна до првото место на подиумот. Италијанката заврши со 0,46 секунди подобро време од второпласираната Сара Хектор од Шведска, а Влхова заврши трета со задоцнување од 0,59 секунди. Микаела Шифрин заврши на позиција четири.

Во генералниот пласман Влхова има 420 поени. Чешката скијачка стана првата откако е воведен актуелниот систем на бодување која освоила 420 поени по само пет трки. Таа претходната трка го подобри рекордот што го држеше Анита Вахтер која во 1993 година по првите четири трки собра 360 поени.

На второто место е Марта Басино (258 поени), а трета е Швајцарката Мишел Гисин (207 поени).

Утре повторно се вози супервелеслалом во Куршевел, а потоа следуваат два спуста и еден супервелеслалол во Вал д’Изер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата