x

Бартомеу поднесе оставка

bartomeu

Иако вчера првиот човек на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу одби да замине од претседателското место, сепак вечерва дојде до големи промени. Заедно со бордот на директори одлучија да поднесат оставки.

Оваа промена доаѓа, откако нивниот предлог за одложување на гласање за 15. ноември наместо на први беше одбиено.

Бартомеу најмногу изгуби откако влезе во војна со Лионел Меси, ова беше пресудно за неговата смена.

Новите избори за неговиот наследник ќе бидат распишани 40 дена до три месеци по поднесувањето на оставката.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата