x

Бартомеу: Не можев да дозволам Меси да си замине

bartomeu

Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу изјави дека не можел да му дозволи на Лионел Меси да го напушти каталонскиот клуб. Како што знаете најдобриот фудбалер на светот поднесе барање за раскин на договорот, а после неколку дневни натегања Меси одлучи да остане до летото 2021 година затоа што не сакал да оди на суд со својот омилен клуб за кого игра веќе 20 години.

Меси не се поднесува со Бартомеу и го обвини како несериозен и лажго затоа што не прави ништо добро за да ја крене Барса на високо ниво.

Како претседател на Барселона, никогаш нема да влезам во конфликт со Меси. Меси е наш капитен, нашиот лидер. Видовме како се однесува претходните денови, тој зборува на теренот и оваа тема е веќе зад нас. Се кажа тоа што требаше да се каже.  Јас не можев да дозволам да си оди најдобриот играч во светот, исто така никој не го сакаше тоа од Управниот одбор. Потребен му е на тимот. Можеме да му честитаме што остана со нас и се гледа дека со страст влегува во проектот на Куман. Сакаме да имаме долг проект со Меси“, изјави Бартомеу.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата