Билетите за овој меч се распродадени, нема веќе ниту карти за стоење и покрај тоа што во моментов на „ticketplus.mk” стои дека има уште 700 слободни места, каталонскиот гигант дефинитивно го чека вистински „пекол”.

Раул Гонзалез и неговите избраници ќе имаат уште поголем мотив да го совладаат тимот за кого настапува Борко Ристовски и да се искачат на првото место во групата, каде во моментов со Барселона имаат еднаков број на бодови.