x

Барселона стравува за Меси

mesi

Ситуацијата со Лионел Меси сепак не е розова. Иако стратегот на каталонскиот гигант, Кике Сетиен најави дека Аргентинецот се чувствува добро и нема потреба за загриженост, сепак тамошните медиуми го тврдат спротивното.

Меси го пропуштил денешниот тренинг и најверојатно нема да тренира до почетокот на дуелот со Баерн Минхен во рамките на четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Препораките од докторите е најдобриот фудбалер на Барса да мирува за да се опорави на време. Првичните прогнози беа дека станува збор за контузија на ногата, но прегледи покажаа дека е само обична модринка.

Барселона и Баерн Минхен ќе се сретнат во петок, дуелот е закажан со почеток 21 часот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата