x

Барселона се договори со Брага за трансфер на „новиот Роналдо“

Барселона доби приоритетно право да го откупи договорот на напаѓачот на Брага, Франциско Тринкао, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Според изворот, соодветниот договор меѓу клубовите е постигнат за време на преговорите за крилниот напаѓач Ауел Руиз , кој треба да се пресели во португалскиот тим во блиска иднина.

Јувентус беше заинтересиран за обезбедување на потписот на Транкао, но „Старата Дама“ не можеше да постигне договор со Брага за условите од трансферот на 20-годишниот напаѓач.

Оваа сезона Тринкао учествуваше на 22 натпревари,  постигна 3 гола и имаше 6 асистенции. Интересно е што локалните медиуми го споредуваат Тринкао со неговиот најпопуларен сонародник Роналдо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата