Барселона ќе го продава левиот бек Жуниор Фирпо во текот на летото. Според каталонското издание „Спорт“, клубот воопшто не е задоволен од него и тој е веќе ставен на списокот на непотребни играчи.
23-годишниот играч дојде на „Камп Ноу“ од редовите на Бетис за 22 милиони евра минатата година. Не е исклучено клубот да го искористи како дел од договорот за купување на Лаутаро Мартинез од Интер.