x

Барселона поради „Ковид-19“ ќе продава играч кој во нормални услови не би го продала

Иднината на Серџи Роберто во Барселона е под знак прашалник. Тој со години беше еден од оние играчи кои имаше сигурно место во тимот, но челниците на клубот веќе размислуваат за негова продажба.

Причината е коронавирус. Каталонскиот гигант е еден од оние клубови кои најмногу губат во кризата поради „Ковид-19“, па дел од нив планира да ги врати со продажба на играчи.

Минатото лето Барселона одби понуда од 65 милиони евра за 28-годишниот фудбалер, доколку на адресата на клубот стигне иста понуда, таа ќе биде прифатена, открива „Марка“.

„Никој не му кажал на Серџи дека е на продажба, но општото мислење е дека челницте на клубот го променија тоа мислење“, пишува Марка.

Јувентус засега е заинтересиран за услугите на Роберто, кој одигра преку 300 меча за Барселона, постигна девет гола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата