x

Барселона лесно се справи со „фенерџијата“ Леганес (ВИДЕО)

Барселона во доминатна партија и без публика на „Камп Ноу“, лесно се справи со „фенерџијата“ Леганес, и го совлада со 2:0.

Долго време, цели 42 минути Барса го бараше патот кон водечкиот гол, за да го постигне Ансу Фати кој одлично се снајде и од 20 метри погоди во мрежата.

Во вториот дел Гризман постигна гол кој беше поништен поради претходен офсајд на Семедо. Но, во 69. минута Меси изнуди пенал, и го изведе самиот тој за 2:0.

И Леганес имаше свои две солидни шанси кои не ги искористи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата