x

Барселона има забрана да носи играчи

mesi

Според „Мирор“, Ла Лига и забранила на Барселона да троши пари поради финансиската ситуација во клубот, која е далеку под поволна.

Клубовите во Шпанија треба да го почитуваат правилникот и да превземаат финансиски мерки поради пандемијата коронавирус.

Барселона во моментов на плати тропши преку 500 милиони евра годишно и има забрана да носи нови играчи се додека не продаде дел од своите ѕвезди.

„Во УЕФА ги гледаат бројките кога ќе заврши сезоната, ние поставивме стандарди за пред почетокот на оваа. Ако Барселона се обиде нешто, нашите аналитачари веднаш ќе приметат. Ние имаме финансиски систем кој е поинаков од фер-плејот на УЕФА“, велат од Ла Лига.

Според некои извештаи шестмесечната криза предизвикана од „Ковид-19“, Барселона ја чинела 300 милиони евра, па на целиот тим платата беше скратена за 70%.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата