x

Барселона го загуби Тер Штеген за првите два месеци од новата сезона

ter-stegen

Првиот голман на Барселона, Германецот Марк-Андре тер Штеген денес претрпе успешна операција на десното колено, соопштија од каталонскиот клуб. Германскиот чувар на мрежата на каталонскиот тим ќе биде надвор од терените околу два и пол месеци.

Ова значи дека Тер Штеген ќе мора да паузира на почетокот на новата сезона, а според планот, на терените нема да се врати пред средината на ноември. Новата сезона во Ла Лига започнува кон средината на септември.

Инаку, во текот на целата сезона, Германецот имаше болка во коленото и беше решено да се изврши неопходната интервенција на крајот на сезоната.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата