x

Барселона ги продолжи договорите со четворица првотимци

barcelona-2020

Каталонскиот гигант, Барселона, синоќа објави дека се потпишани нови договори со четворица играчи.

Договор за продолжување на соработката со каталонскиот гигант постигнаа Жерар Пике, Марк-Андре тер Штеген, Клемент Ленглет и Френки де Јонг.

Пике го продолжи договорот до 2024 година, германскиот голман ќе остане во клубот една сезона подолго, додека Ленглет и Де Јонг потпишаа договори со важност до 2026 година.

Очигледно е дека Барса планира да ја гради иднината на тимот околу овие играчи, а наскоро ќе биде договорено уште едно продолжување на соработката, затоа што сите очи се вперени кон Меси кој има право да замине на крајот од следната сезона како слободен агент. Клубот се надева дека тој би можел да остане.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата