x

Барселона веднаш си најде замена за Ансу Фати

konrad-de-la-fuente

Барселона се чини веднаш пронајде замена за 18-годишниот Ансу Фати, кој се повреди изминатиот викенд и подолг период ќе биде надвор од фудбалските терени. Младиот Американец Конрад де ла Фуенте, кој се приклучи на академијата на Барселона во 2013 година, а игра за во вториот тим од 2018 година ќе биде приклучен на местото на Фати во првиот состав на каталонците.

Де ла Фуенте играше за селекциите на САД до 16 и до 18 години и моментално е член на тимот до 20 години. Тој е крилен напаѓач и често тренира со првиот тим. Главниот тренер Роналд Куман бил воодушевен од него.

Фати вчера беше подложен на операција на менискусот во коленото, што значи автоматска пауза од 3 до 5 месеци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата