x

Барса ќе остане со празни раце: Ван де Бек се договора со Манчестер Ј.

van-de-bek-e1584433647377

Играчот за врска на Ајакс, Дони ван де Бек, се согласил на трансфер во Манчестер Јунајтед, објави експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

23-годишниот фудбалер беше споменуван како едно од новите засилувања на новата Барселона под водство на сега веќе екс-селекторот на Холандија, Роналд Куман, но по се изгледа холандскиот репрезентативец го промени ставот.

Ван де Бек е подготвен да преговара со „црвените ѓаволи“ за неговите лични услови, знаејќи дека неговите агенти биле во контакт со клубот во последните неколку недели. Сепак, ниту една официјална понуда за фудбалерот сè уште не е пристигната во канцеларијата на гигантот од Амстердам. Се проценува дека тие ќе бидат подготвени да се разделат со него за сума не помала од 40 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата