x

Барса ја одреди цената за Меси, никој нема да може да ја плати

mesi

Веќе наголемо се шпекулира дека Лионел Меси е разочаран од случувањата во Барселона, и дека ова лето ќе замине од Каталонија, и ќе се прсели во друг клуб.

Додека наголемо се шпекулира за негово заминување, се шпекулира и кој ќе биде неговата замена.

Имено, ако го даде Меси, тогаш Барселона ќе тргне по услугите на Пауло Дибала од Јувентус. Веќе некое време се шпекулира за заминување на Дибала од Јуве, но засега од тоа нема ништо, односно тој и натаму е дел од тимот од Торино.

Во меѓувреме се шпекулира дека Барселона ја одредила цената за Лионел Меси. Секој кој ќе сака да го види во своите редови, ќе мора да плати сума од 650 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата