x

Барса со понуда до ПСЖ: 120 милиони евра за Мбапе, плус Гризман и Дембеле!!!

Откако се чини дека и дефинитивно отпадна идејата Нејмар да се врати во Барса, раководството на каталонците сега тргнува по Килијан Мбапе. Барса сака добро да се подготви за пост Меси ерата, која кога тогаш секако дека ќе дојде.

Па така медиумите во Шпанија и Франција, известуваат дека Барса се подготвува да испрати супер понуда до ПСЖ. Во неа ќе стои дека тие даваат 120 милиони евра плус Гризман и Дембеле за фантастичниот Мбапе.

Сепак треба да се знае дека Реал сака по секоја цена да го доведе Французинот на „Сантијаго Бернабе“. Флорентино Перез имал намера да потроши најмалку 300 милиони евра да го ангажира фудбалскиот виртуоз од „Паркот на принцовите“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата