Барселона ги договорила сите услови за продажба на својот играч Жан-Клер Тодибо. Тој требало да потпише со Фулам. Англичаните и раководството на Барса веќе си подале рака, ја договориле и отштетата, но се појави проблем.
Имено, фудбалерот ги информирал челниците дека не сака да оди во Фулам, и дека сака во некој подобар клуб.
Минатата сезона Тодибо ја мина како позајмен во Шалке, а сега Барса му бара клуб каде што ќе го продаде.
Инаку Фулам и Барса се договориле за Тодибо отштета од 18 милиони евра.