x

Барса му порача на Умтити да си бара нов клуб

umtiti-siti-e1575982358538

Раководството на Барселона го известило дефанзивецот Самуел Умтити дека нема да смета на него следната сезона и тој е слободен да си бара нов тим. Французинот ќе биде ставен на трансфер пазарот во текот на летото.

26-годишниот дефанзивец беше со серија повреди оваа сезона и имаше мал удел во тимот. Интер и Арсенал, а исто така и Наполи се подготвени да го ангажираат Французинот во своите редови, но преговорите треба допрва да започнат.

Наполи начелно имал предлог до Барселона најпрво да го позајми на една сезона, а потоа да го откупат неговиот договор, но од Барселона не прифатиле.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата