x

Барса и Тотенхем спремаат зделка: Ракитиќ и пари за Ндомбеле?

Премиерлигашот Тотенхем е најновиот клуб кој влезе во трката по хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ кој е на излезна врата од Барселона. Хрватот сака да си оди од „Ноу Камп“ откако одби да го продолжи договорот. Според „Мундо Депортиво“ Барса може да го искористи Ракитиќ во размена со Тотенхем. Да го испрати Хрватот на „Вајт Харт Лејн“, а за возврат да го добие францускиот интернационалец Танги Ндомбеле.

Цената на некогашниот играч на Лион изнесува 45 милиони евра, Ракитиќ вреди околу 20 милиони, па Барса би го дала својот играч од средниот ред и да доплати уште 20-25 милиони евра.

Претходно, „Скај спортс“ пренесе вест дека Барселона на Тотенхем му ги понудил Нелсон Семедо и Самуел Умтити за Ндомбеле. Барса би можел да го вметне и бразилскиот играч Артур доколку е потребно за реалзиирање на зделката.

Ќе видиме што ќе се случува во текот на летото.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата