x

Барса и Реал му го расипаа трансферот на Сане во Баерн (М)

Долгоочекуваниот трансфер на Лерој Сане од Манчестер Сити во Баерн Минхен иако се чинеше сосема сигурен, сега излезе дека полека пропаѓа. Спортскиот директор на „баварците“, Хасан Салихамиџиќ, се сретнал со агенција која го преставува германскиот репрезентативец и наводно не успеале да најдат заеднички јазик за трансферот.

Според информациите, крилото добило понуда за 5-годишен договор. Сепак, се испостави дека шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид не спијат и се подготвени да ја растурат зделката. Според германските медиуми, Сане во моментов се чувствува збунето затоа што малкумина ги одбиваат Барса и Реал Мадрид. Наводно и тој добил понуда од шпанските гиганти, но истата се уште не е разгледана.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата