x

Барса го стопирала трансферот на Олмо, лути се поради неговиот однос…

Потенцијалниот трансфер на талентираниот Дани Олмо од Динамо Загреб во Барселона е стопиран поради односот на играчот и неговиот менаџер, пренесуваат каталонските медиуми. „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека управата на Барселона е лута на шпанскиот репрезентативец и неговиот агент Енди Бара кои на глас зборуваа дека трансферот во Барса е завршен.

Во Барса се лути затоа што сметаат дека се требало дискретно да биде одработено, а не двајцата да се фалат за трансферот. Сепак, тоа не значи дека ќе се откажат од трансферот. Наводно, се е пролонгирано за на лето и најверојатно ќе видиме сценарио како со Де Јонг – Барса ќе го капариса фудбалерот, па ќе го остави на позајмица, а летоска ќе го донесе на „Ноу Камп“.

А Олмо е спремен да се врати во клубот во кој ја почна кариерата.

„Не можам да ја одбијам Барселона, мојот клуб од детството. А да тренирам и да играм со Меси ми е големо задоволство. Ми требаше спореден пат за да дојдам до првиот тим“, изјави Олмо неодамна.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата