x

Барса го совлада Сосиедад со гол од пенал и привремено се врати на врвот (видео)

Со погодокот на Лионел Меси во 81. минута од пенал, Барселона го совлада Сосиедад со 1:0 на „Ноу Камп“ и со тоа, барем до утре, ќе ја држи челната позиција на табелата во шпанската Ла Лига. Судијата Хуан Мунуера покажа на белата точка после прегледување на снимка откако еден играч на Сосиедад играше со рака.

Прво Мунуера не реагираше, но потоа ја прекина играта и отиде да провери. Покажа на 11 метри, а Меси ја затресе мрежата. Во 96. минута Жорди Алба погоди за Барса, но судијата го поништи погодокот поради офсајд.

Тоа е 18-та победа на Барса сезонава, а сега има поен предност во однос на Реал кој својот меч ќе го одигра утре против Бетис во Севиља.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата