x

Барса вели, пари плус Фирпо за Лаутаро

Откако БАрселона успеа да го доведе Миралем Пјаниќ сега очигледно дека вниманието целосно е свртено кон Лаутаро Мартинез.

Напаѓачот на Интер е мета на цела Европа, а Барселона вели следново. Дава 70 милиони евра плус во пакет за Милано да го испрати младиот дефанзивец Фирпо. Интер го цени својот напаѓач на 110 милиони, што ќе рече дека Фирпо „тежи“ цели 40. Сепак, Интер во моментов не е баш верно дека ќе наседне на ова со оглед на фактот што Барселона пред само една година за младиот дефанзивец плати не цели 20 милини евра.

Нормално преговорите ќе траат уште извесен период, преговарачките тактики не им се непознаница на двете страни, па понудата и побарувачката можат многу бргу да се променат од моменталната ситуација.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата