x

Барнли подобар од „фенерџијата“, се уште се надева на Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барнли славеа со 2:0 на гостувањето кај испаднатиот Норич и се уште остануваат во игра за место кое води во Лигата на Европа. Секако за тоа одлучува и екипата на Вулверхемптон која има два бода повеќе од нив и меч помалку.

Инаку, на вечерашниот меч на „Кероу Роуд“, домашните влегоа многу нервозно и уште во првото полувреме добија два црвени картони (Буендиа и Дрмиќ). Гостите ја искористија шансата и со головите на Вуд во 45. минута и автоголот на Годрфри во 80. минута дојдоа до сигурна победа.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата