Барел нафта стигна до 78,4 долари
Цената на суровата нафта на Њујоршката берза вчера се искачи на рекордни 78,40 долари за барел, јавуваат американските медиуми. Растот на цената на нафтата е предизвикан од ескалацијата на судирот меѓу Израел и Либан, експлозиите на нафтените постројки во Нигерија и продолжувањето на дипломатскиот судир меѓу Запад и Иран за нуклеарната програма на таа држава. Аналитичарот за енергетски прашања во сингапурската компанија “Пурвин енд Герц”, Виктор Шам, изјавил дека воопшто не би го изненадило ако цената на нафтата до крајот на месецот стигне до 80 долари за барел. Американската лесна нафта, вчера, на Њујоршаката берза се искачи на 78,40 долари за барел, а цената на нафтата од типот “брент” што се вади од Северното Море достигна нов рекорд – 78,03 долари за барел.