Барелот ја надмина границата од 70 евра
Цената на нафтата на светскиот пазар ја надмина границата од 70 долари по барел, главно поради затворањето на нафтените мексикански компании поради заканата од ураганот Катрин, еден од најголемите во историјата на САД. Ураганот се заканува трајно да ги оштети виталните рафинериски постројки на САД во Мексиканскиот залив, што дополнително ја оптоварува нафтената индустрија. Постројките во Мексичкиот залив обично обезбедуваат 1,5 милиони барели нафта дневно, што е четвртина на вкупната американска експлоатација и речиси два проценти од светската.
Се повисоките цени на бензинот ги принудуваат возачите да применуваат најразлични начини и мерки за да го ублажат финансискиот упад по домашниот буџет. Европските возачи, покрај високите цени на бензинот, дополнително се оптоварени со даноците за новите автомобили, како и високите патарини. Во Европа, поради високите даноци што се користат за финансирање на владини проекти и за да се поттикне користењето на градскиот превоз, потрошувачите го плаќаат бензинот два или три пати поскапо од Американците. Нееднаквоста се зголемува и поради фактот што платите во Европа се пониски од американските, а состојбата во земјите во развој е уште потешка.
Така, ниту една американска администрација досега не се осудила да наметне даноци како европските, затоа што тоа би им се одразило на следните избори, бидејќи Американците сметаат дека возењето со автомобил “секогаш и секаде” е нивно основно граѓанско право.
Во Холандија литар “супер” чини околу 1,45 евра. Слична како холандската цена плаќаат и потрошувачите во Германија, Франција, Италија, Белгија, Португалија, Шведска и Велика Британија. Од сите европски земји, бензинот е најевтин во Летонија и чини 84,2 евроценти за литар супер што е 50 отсто поскапо од цената што ја плаќаат Американците.
Во Турција просечната годишна плата е 4.500 долари, а литер бензин чини 1,6 евра. Високите цени на бензинот ги принудуваат голем број потрошувачи во Турција да шверцуваат нафта, главно од соседен Ирак, потрошувачите од Унгарија да ги полнат резервоарите со нафта од Украина и Романија, а Германците одат во Полска со иста цел. (МИА)