Полека но сигурно се загрева атмосферата за претстојниот меч во Скопје меѓу Македонија и Косово, кој се игра на 26 март. Натпревар кој е прогласен како дерби на Балканот. Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери во интервју за косовската ТВ Т 7 од Приштина, покрај другото кажа…
„Не сум само јас, тука се Пандев, Елмас, Алиоски и многу други. Тоа ќе биде возбудлив натпревар. Спортот треба да ги зближува луѓето, се надевам дека нема да има неспортски работи. И двете репрезентации има добри играчи, јас се надевам дека Македонија ќе победи.
Играме дома и ќе сториме се да победиме и да бидеме на чекор до ЕВРО 2020. Ова е ќе биде емотивен натпревар за мене, јас сум внук на Косово, мајка ми потекнува од Косово. Од друга страна мене Македонија ми даде шанса на 19 години, и затоа сум благодарен“ изјави македонскиот репрезентативец.