x

Барди заздравува побрзо од очекуваното

bardi

Тренерот на Леванте Пако Лопез зборуваше за здравствената состојба на македонскиот интернационалец Енис Барди и вели дека „вестите се одлични“. Тој е оптимист околу ситуацијата со Барди и вели дека процесот на рехабилитација оди по планот и дека македонскиот репрезентативец заздравува побрзо од очекуваното.

Да потсетиме два дена пред мечот со Грузија Енис Барди отиде во болница поради проблеми со грбот. Му беше дијагностицирана дискус-хернија. Од Леванте си дадоа подолг рок на опоравување на својот најдобар играч, но последните информации зборуваат дека Барди може брзо да се врати на терените.

„Се видов со Барди. Тој се чувствува одлично, рехабилитацијата оди по планот, дури и подобро. Првите дијагнози се одлични. Тоа ме радува“, вели Пако Лопез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата