x

Барди е македонскиот рекордер, сега на Трансфермаркт вреди 20 милиони евра!

bardi-pari

Фантастичните настапи и голови во дресот на Леванте, потоа итересот од Арсенал, Валенсија, Фиорентина и други клубови, “помогнаа“ на Енис Барди да му скокне цената на трансфер пазарот. Па така според Трансфермаркт, македонскиот репрезентативец од пред три дена вреди 20 милиони евра. И тоа е рекорд за некој наш фудбалер. Да се потсетиме дека на 3 јули 2008 година Горан Пандев вредеше 18 милиони, а лани Елиф Елмас пак 17 милиони евра. Барди досега ја имаше најголема трансфер – пазар цена од 15 милиони евра.

Во Леванте сфаќаат какво богатство имаат во своите редови, па така сега не се подготвени ниту да слушнат за помалку  од 25-30 милиони евра отштета за Македонецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата