x

Барди во „аут“ неколку недели!

bardi-3

Леванте утринава ја потврди повреда на Енис Барди, еден од своите најдобри играчи и член на нашата репрезентација. По лекартските прегледи, клубот искочи со соопштение во кое се вели дека кај Барди има акутна хернија на грбниот диск, нешто што се знаеше уште во Скопје по повредата пред мечот со Грузија. Секако дека ќе има и дополнителни прегледи, но факт е дека повредата и не е така несериозна.

Според медиуите во Шпанија, Леванте ретко кога давал временски рамки за своите повредени играчи, но сега веројатно е дека Барди ќе биде во “аут“, односно надвор од терените неколку недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата