x

Бараат смена на селекторот: Не ни дава да јадеме

primoz-gliha

Хаос во репрезентацијата на Словенија до 21. година. Во моментов се случува бунт на младите репрезентативци против селекторот Примож Глиха. Тие бараат смена на селекторот, бараат Федерацијата да му врачи отказ, велат дека постојано ги малтретирал.

Неговите навреди кон нас се константни, трениравме без загревање,никогаш не го анализираме противникот. Не смееме да спиеме на долгите патувања, не смееме да ги славиме головите. Не ни дава да јадеме како што треба, еднаш бараше од нас да ручаме мусли и јогурт пред натпревар.Ги забрани мобилните и гледањето ТВ,а вратите од собите мора да бидат отворени. Упаѓаше во собите кога беа заклучени, а друштвени игри можеме да играме само за пари. Двајца фудбалери на 5 октомври дознаа дека се заразени од Ковид-19, а во тој период селекторот со своето друштво пиеше на рецепцијата од хотелот, и со тоа сите не загрози“ се вели во дел од писмото кое младите фудбалери го испратија до Федерацијата.

Инаку тие велат дека се додека Примож Глиха е селектор тие немаат намера да играат за репрезентацијата на Словенија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата