Зимското засилување на Милан, Марио Балотели натпреварот со Барселона, заедно со Робињо, го проследи од трибините на “Сан Сиро”. Италијанскиот напаѓач нема право на настап за “росонерите”, зашто сезонава играше за Манчестер Сити во Лигата на шампиони, а Бразилецот е повреден.

Но, тоа не го спречи “Супер Марио” да ужива во натпреварот и да ги бодри своите соиграчи во придружба на бројните пријатели.

Во славјето, на нешто подискретен начин, учествуваше и девојката на Балотели белгискиот модел Фани Негуеша.

Секој успешен потег и погодок на фудбалерите на Милан, Балотели и секси Фани го прославуваа со бакнување.