Најинтересниот натпревар од 4. коло во македонската Прва фудбалска лига, дуелот во Битола помеѓу екипите на Пелистер и Работнички, сосема неочекувано заврши со убедлив триумф на “зелените” од 3:0.

Уште поубедлива победа од 5:1, но во дуелот против екипата на Брегалница, забележа актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар.

Најзаслужен за убедливиот триумф беше бразилскиот интернационалец Боарето Балотели, кој постигна три погодоци.

Резултати: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 3:0 (Бујчевски 43′, Љамчевски 85′, Фернандо 88′), ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА 5:1 (Балотели 15′, 16′, 70′, Којашевиќ 45’+1, Мијушковиќ 59′ – Велинов 39′), СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1 (Недељковиќ 36′ – Јакимоски 59′), ШКУПИ – РЕНОВА 0:0.

ТАБЕЛА: Вардар 10 бода, Пелистер 10, Работнички 9, Силекс 7, Ренова 5, Шкендија(-2) 3, Шкупи(-1) 2, Македонија ЃП 2, Брегалница 1, Победа(-1) без бодови.

ФОТО: ФК Вардар